Финансиски хороскоп за оваа зима: рибите ќе трошат многу пари, заработка за скорпијата

By

Овен

dobivaj vesti na viber

Првата зимска половина од годината ќе ви биде побогата и попродуктивна од втората. До средината на јануари Јупитер ќе придонесе за вашиот успех. Во овој период вреди да се позанимавате со долгорочно планирање и решавање на важни финансиски прашања. Во втората половина на јануари ќе ги надминете сомнежите и неизвесноста.

Бик

Ќе бидете посветени на работата и за време на празниците. Ве очекуваат неколку успешни преговори, а ќе имате можност и да ги зголемите финансиите. Можно е за работа да сакате да се преселите во друг град или држава бидејќи ќе добиете поисплатлива понуда.

Близнаци

Во текот на зимата внимавајте со финансиите. Имате висока самодоверба што може да биде одлична во бизнисот, но не дозволувајте тоа да ве доведе до заблуда и затоа размислете двапати кога станува збор за финансиските одлуки. Фокусирајте се на најважните работи и не ризикувајте.

Рак
Ѕвездите ви препорачуваат да им се посветите на активностите кои ве прават среќни и кои финансиски ќе дадат плод. Освен тоа, добро би било да размислите за дополнителни извори на приход и да не трошите пари на работи што навистина не ви се потребни. Од друга страна, внимавајте бидејќи позајмувањето пари во текот на зимата може да биде ризичен потфат, без разлика дали позајмувате некому или некој ви позајмува вам.

Лав

Зимата ќе почне со мали неволји, можни се конфликти на работа со вработените, колегите, како и несогласувања околу парите. Во овој период не занимавајте се со тврдоглави ставови туку обидете се да најдете решенија. Деталното планирање на вашата дневна рутина ќе ви помогне да останете на врвот на сè. Во декември ќе имате можност за унапредување или зголемување на платата.

Девица

На почетокот на јануари ќе ви биде потребен барем малку одмор, по можност надвор од дома. По зимскиот распуст, на работа ве очекуваат сериозни предизвици кои ќе донесат невиден профит. До крајот на март, според предвидувањата на ѕвездите, некои од вас ќе имаат време да добијат унапредување или да го зголемат капиталот. Првите месеци од зимата ќе бидат најуспешни за барање нова работа.

Вага

Во текот на оваа зима ќе добиете можност да ги покажете своите најдобри професионални квалитети, а некои од вас ќе започнат сопствен бизнис. Во декември ѕвездите ви препорачуваат да бидете потрпеливи, бидејќи конфликтите на работа можат негативно да ѝ влијаат на вашата финансиската состојба. Освен тоа, важно е да научите нешто ново или да ги подобрите постоечките вештини.

Скорпија

Можно е вашето хоби да прерасне во сериозна професија што ќе ви донесе добра заработка, а тоа ќе ви овозможи да ја напуштите канцелариската работа. Од друга страна, ѕвездите ве советуваат да не ги одложувате личните работи, вклучително и одморот, бидејќи напролет ќе треба да вложите поголем труд за да постигнете успех во кариерата.

Стрелец

Во февруари ве очекуваат различни предлози за соработка. Сепак, постои ризик од тешки услови за работа. Во секој случај, треба да бидете внимателни и добро да размислите пред да донесете одлука. Од друга страна, упорноста и трудот ќе ви бидат наградени, па така до февруари можете да очекувате и зголемување на приходите.

Јарец
Во текот на зимата ве очекуваат успех и просперитет. Упорноста и трпеливоста ќе ви помогнат да ги остварите вашите идеи во поглед на кариерата, но и да ја подобрите финансиската состојба. Можно е некои од вас да започнат сопствен бизнис во текот на оваа зима.

Водолија

Во декември не пропуштајте ја можноста да заработите дополнителни финансиски средства. Сепак, по празничниот период добро испланирајте го вашиот буџет. Обидете се да ги решите сите преостанати прашања за со свежа енергија да им се посветите на новите идеи.

Риби

До февруари ѕвездите укажуваат дека ќе потрошите многу пари за лични потреби. Внимателно разгледајте ги финансиските одлуки и не одложувајте никакви деловни преговори. Од друга страна, посветете време на усовршување на вашите способности бидејќи тие се неопходни за успех на професионален план.

Ќе ви се допадне