Дестина луѓе ќе имат можност бесплатно да ја посетат Финска за да научат како е да се биде среќен. Земјата неодамна шести пат по ред беше прогласена за најсреќа држава на светот, па сега Финците сакаат да го споделат својот рецепт за среќа.
Патувањата ги организира националната туристичка организација „Посетете ја Финска“. Најсреќните десетмина ќе имаат можност да бидат во Финска четири дена во јуни. Ќе бидат сместени во одморалиштето Куру во Езерскиот Округ. Ќе им бидат покриени сите трошоци за пат и сместување.
Ќе имаат приватна соба и пристап до сауна и спа. Во рамките на мастеркласот ќе има часови по природни занаети, храна, благосостојба, здравје и животна рамнотежа, што ќе ги водат фински експерти.
Сите кои ќе сакаат да се пријавват ќе можат тоа да го направат до 2 април, а заинтересираните ќе треба да снимат кратко видео за „Инстаграм“ или „ТикТок“ и да објаснат „зошто би сакале да станат Финци.
„Ние веруваме дека финската среќа произлегува од блиската врска со природата и нашиот приземен животен стил. Тоа не е некоја мистична состојба, туку вештина која може да се научи и сподели“, велат од „Посетете ја Финска“.