Фински лекари одбиле да оперираат хокеар бидејќи e Русин

Млад руски хокеар од тимот „Салват Јулаев“ требало да замине на операција во Финска, но тамошните доктори одбиле да го оперираат бидејќи е Русин.

На Русите поради воената инвазија во Украина им беа воведени голем број санкции, а тоа на своја кожа го почувствуваа голем број спортисти. Еден од нив беше и младиот руски хокеар Толпар од Русија, кој бил одбиен да биде опериран во Финкса, пренесе руски „Шампионат“.

„Оваа операција ја планиравме од поодамна, но ни се јавија од Финска и ни рекоа дека повеќе не даваат услуги на граѓани од Русија“, рече спортскиот директор Ринат Баширов и додаде дека бил затечен од ваквата одлука на Финците.

„Не можам да кажам дека ова е тренд во целата држава, но според тоа како може да се толкува, за нас ова е политичка игра. Можеме лесно да ги тужиме, но јасно е дека судот ќе пресуди во нивна корист. Ова е чист расизам, а во Америка тоа е една од најопасните работи. Ова не е спорт, ова нè е политика, туку се работи за човечност“, рече Баширов.

„Финците се однесуваат толку подло, затоа што колку е кучето помало, толку повеќе лае. Погледнете уште кои други лаат. Естонија, Летонија, Полска и Финска. Тука не се работи ни за спорт или политика, туку се работи за човечки живот. Не можете да одбиете лекување на болен човек“, рече Баширов.

За потсетување, претходно четворица фински хокеари Јухо Метсол, Тему Хартијаинен, Маркус Гранлунд и Сакари Манинен, го напуштија клубот откако Русија ја нападна Украина. Претходно и тренерот кој е исто така Финец, Томи Ламси, рече дека ќе го напушти клубот.

 

Scroll to Top