(Фото) Американски борач го спасил пријателот, кој бил нападнат од гризли

Младиот американски борач Брејден Лори, го спасил својот пријател Кендал Камингс, кој бил нападнат од гризли додека се шетале во шумата Вајоминг. Гризлито ги нападнало додека се шетале со уште двајца пријатели Орин Џексон и Огуст Херисон кои успеале да побегнат.

Гризлито прво го нападнало Лори, а потоа и Камингс кој скокнал да му помогне. Додека се борел со дивото животно, Камингс се здобил со тешки повреди и завршил во болница.

„Не сакав да го изгубам пријателот. Можев да побегнам да го оставам и така ќе останев без пријател. Па затоа одлучив да го спасам или барем да се обидам да му помогнам“, рече Камингс за NBC.

„Можев да слушнам како забите ми удираат во черепот. Почуствував како ми ја гризе косата. Викав по Лари за да се уверам дека е добар. Тогаш мечката ме слушна и пак ме нападна“, додаде тој.

По неколку минути, американските борачи го одбиле нападот од мечката. Ја уплашиле и успеале да ѝ побегнат. Така тешко повредени побарале помош. Нивните двајца пријатели се вратиле по нив и на импровизирани носилки ги однеле на безбедно место.

Веднаш со хеликоптер биле префрлени во болница каде биле оперирани. Потешко минал Камингс кој завршил со 60 конци на главата, а лекарите морале да му го оперираат и лицето поради големите исекотини.

 

Scroll to Top