(Фото) Бензема носи завој на десната рака, а многумина мислат дека е во прашање суеверие

Завојот на десната рака му носи среќа на Бензема, велат некои од фановите на Реал Мадрид, кои забележаа дека откако Французинот го повреди прстот на натпреварот против Бетис во 2019 година, неговата форма е во постојан подем.

Манчестер Сити синоќа го надигра Реал Мадрид на „Етихад“ во Лига шампиони во секоја смисла, но на крајот славеа само со 4:3, пред се благодарение на Бензема. Французинот со два гола го спаси шпанскиот тим и го остави во игра за понатамошен пласман во ЛШ.

 profimedia-0668542083.jpg - Profimedia

Многумина ја видоа реакцијата од прославата и завојот на неговата десна рака. Зошто го носи бандажот и од кога, прашуваа некои од нив, велејќи дека тоа е причината за неговата одлична форма. Бензема досега даде 41 гол и има 13 асистенции на 41 натпревар.

Сето тоа го постигна додека се мачи со повредата на малиот прст. Уште на 13 јануари 2019 година на натпреварот против Бетис тој го скрши малиот прст, а за целото тоа време лекарите го советуваа да не игра и да направи операција.

 Karim Benzema - Profimedia

Тие го советуваа дека ќе мора да паузира два месеци, но сепак Бензема продолжи со играта и шест дена подоцна на мечот против Севиља ги одигра сите 90 минута, со специјален бандаж кој чини 40 евра. До крајот на сезоната играше со завиен прст и го чекаше летото за операција.

Докторите подоцна му објаснија дека згрешил што не отишол одма на операција и дека коската лошо зараснала. Оттогаш во наредните три години, Бензема игра со скршен прст и на секој натпревар го носи завојот на десната рака за да ја намали болката.

 Karim Benzema

Многумина мислеа дека тоа е поради некакво суеверие, но лекарите велат дека причините се практични. „Можеби му дава некаква самоуевереност дека не мора да размислува дека може повторно да се повреди, но тоа значително влијаеше на него, затоа што во последните четири сезони го игра најдобриот фудбал во кариерата“, велат тие.

Од тогаш Бензема даде 116 голови за Реал Мадрид од вкупно 320 за 12 години колку што ги мина на „Стантијаго Бернабеу“.

 profimedia-0668542629.jpg - Profimedia
 Karim Benzema Real Madrid - Profimedia
 Zašto Benzema nosi zavoj na ruci
 profimedia-0604647054 - Profimedia

 

 

Scroll to Top