(Фото) Четири алпинисти од Македонија се искачија на вториот највисок врв на Алпите, Гросглокнер во Австрија

Четири алпинисти од Македонија се искачија на Гросглокнер, врвот на највисоката планина во Австрија. И покрај силниот ветер и екстремните услови, Слободан Бобо Димовски, Никола Илиевски, Дејан Тодевски и Никола Андоноски на 5 јануари, за првпат успеаја да се искачат на Гросглокнер.

Станува збор за врвот на највисоката планина во Австрија, со висина од 3.798 метри. Овој врв по Монблан, е втор по височина на Алпите. Четворицата се качуваа и кога температурите стигнуваа до 27 степени под нулата, а на врвот го вееја знамето на еколошката групација „Грин Пауер“. 

 

Scroll to Top