(Фото) Дечко ѝ ја оставил затоа што му била грда, а таа од инает се трансформирала и станала топ-модел

Често може да се прочита за разни трансформации на девојки кои се одлучиле да направат промена кај себе затоа што нивните партнери ги оставиле.

Една од нив е и Ким Декер, која на „Тик-ток“, откри дека дечко ѝ ја оставил затоа што му била грда. Денес на нејзиниот профил може да се видат разни видеа од модни проекти и сетови со колешки манекенки и модели.

На видеото кое има над 100.000 прегледи, се гледаат фотографии од нејзиниот изглед пред и откако дечко ѝ ја оставил. На него таа открила дека ѝ ја оставил затоа што сакал да си најде поубава девојка.

Откако направила трансформација кај себе, никој од фановите не останал рамнодушен на социјалните мрежи. Тие ја преплавиле со убави коментари.

„Многу ми е смешна првата слика, браво. Баш си убава, така се прави тоа. Се гледа разлика пред и по трансформацијата. Тој губи, не ти“, биле само некои од коментарите.

„До пубертетот мајка ми мислеше дека има два сина. Тогаш сите мислеа дека сум машко“, рече Ким.

 

Scroll to Top