Оливија пред четири години сакала да направи тетоважа која сакала да му ја посвети на покојниот сопруг. Во студиото го видела тату мајсторот Кајл, кој на колегите им рекол дека тој ќе ѝ ја направи. Додека ја тетовирал разговарале, а на крајот тој не сакал да ѝ наплати.
„Не сакаше да ми земе пари. Не рече ништо повеќе. Тогаш одлучив да му испратам порака и да го поканам на состанок“, ја почна Оливија својата приказна.
По првиот состанок знаеле дека ќе бидат заедно. Четири месеци потоа почнале и да живеат заедно, а година дена по првиот состанок, Кајл ја побарал за сопруга.
Затоа што се запознале за време на тетовирањето, и двајцата намест да купат бурми, си ги тетовирале првите букви од нивните имиња.
„Беше посебно. И ова е супер, затоа што Кајл поради својата работа мора да носи ракавици и постојано ќе мора да ја вади бурмата“, рече Оливиа.