(Фото) Доналд Трамп ја погребал Ивана на терен за голф

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, е обвинет дека ја погребал првата сопруга, Ивана, во неговиот голф клуб во Њу Џерси, само за да биде ослободен од плаќање даноци на државата, пренесе Dejli mejl.

„Бев скептична кон гласините дека Трамп ја закопал бившата сопруга на оваа тажна мала земја, на својот голф терен во Бедминстер, само поради даночно олеснување“, рече професорката по социологија од Дартмут Брук Харингтон, која себе си се нарекува даночен истражувач.

На плочата од гробот стои нејзинот име, датумот на раќање и смртта. Има и скромен букет со бели цвеќиња. „Баш убаво место на кое може една мајка да почива. Посебно ми се допаѓа натписот“, напиша синот на Трамп и објави фотографија од гробот.

Покрај него од Ивана се простија и ќерката на Трамп Иванка и неговиот друг син Ерик. За потсетување, Ивана почина на 14 јули од повреди кои ги доби додека падна по скалите во нејзиниот дом во Њујорк. Таа е погребана на парцела во близина на првата точка на голф теренот.

Scroll to Top