(Фото) Фудбалерот Видал замина со сопругата на одмор во Шпанија

По тешката сезона во Италија, фудбалерот на Интер, Артуро Видал, замина со сопругата на одмор во Шпанија. Видал и Мара Тереса Матус беа видени на годишен одмор во местото Форментер.

Папараците ги снимија додека сурфаа во морето и се сончаа на јахтата. Артур во шарен костим за капење ги покажа бројните тетоважи, додека Марија беше во минијатурно бикини. Едно време се шпекулираше дека се разделиле, но очигледно ги надминале сите разлики, пишуваат таблоидите.

За потсетување, тимот на Видал имаше тешка сезона со Интер, откако на крајот од првенството Милан успеа да им ја земе титулата.

Scroll to Top