(Фото) Голот на Меси треба да биде поништен затоа што резервните фудбалери на Аргентина влегоа предвреме на теренот да слават, пишуваат француските медиуми

Голот на Лионел Меси во продолжението во финалниот натпревар во Катар, треба да биде поништен затоа што резервните фудбалери на Аргентина влегоа предвреме на теренот да слават, пишува „Л’Eкип“.

Аргентина стана светски шампион по изведувањето на пенали, откако во регуларниот дел заврши 2:2, а во продолжението од по 15 минути, двете репрезентации дадоа по еден гол. Голот на Меси во продолжението е дискутабилен за Французите, затоа што двајца од резервите на Аргентина влегоа предвреме на теренот.

Како што пренесоа француските медиуми, правилата во овој случај се јасни и во ваква ситуација главниот судија треба да досуди индиректен удар.

Но, и покрај негодувањата на Французите, еден од најдобрите судии во светот Италијанецот, Пјерлуиџи Колина го пофалби судењето на Полјакот Симон Марчињак.

 

 

 

 

Scroll to Top