(Фото) Група активисти се залепија со суперлепак во парламентот во Велика Британија

Група активисти и припадници на климатското движење „Побуна против изумирањето“, Extinction Rebellion, упаднаа денес во салата за заседание на Долниот дом во британскиот парламент и се залепија со суперлепак околу столиците на претседателското место.

Ова денес го соопшти групата на „Твитер“. Тие објавија фотографии од петмина активисти кои држат транспаренти со натписи „Нека народот одлучи“, и „Граѓанска собрание – сега“.

Групата закачила и голем транспарент со истите пораки на скеле поставено околу зградата на парламентот, а демонстрантите се заклучиле и со катанци на капијата пред истата.

Британскиот парламент во моментов не заседава, пренсе „Ројтерс“. Поедини делови од парламентот обично се отворени за јавноста, но пристапот до салите за заседание е забранет. Групата главно протестира поради климатските промени.

Scroll to Top