(Фото) Камионџија плаче од радост откако ја најде изгубената мачка

Камионџија плачеше од радост откако по неколку месеци ја најде изгубената мачка. Метју Б. со неговата мачка Греј, патувале заедно повеќе од две години, пред случајно во јуни да се лизне од камионот и брзо да исчезне во грмушките. Метју рече дека ја пребарал целата област, но без успех.

Патот морал да го продолжи без неа. Вели дека се враќал на местото со надеж дека еден ден ќе ја најде.

На почетокот на јули, Кимберли Т. со нејзина пријателка ја посетиле истата станица на пат кон Њујорк. Пред да тргнат со автомобилот од грмушките ја виделе Греј. Кимберли ја земала мачката со себе.

Стапила во контакт со Lollypop Farm, организација за заштита на животните во Ферпорт, Њујорк.

„Она што Кимберли не го знаеше е дека Греј не е обична мачка, туку искусен соло патник“, рече една од активистите за животни.

„Нашата комисија за прием ѝго скенираше микрочипот кој го покажа сопственикот со адреса во Тексас. Нејзиниот дом бил оддалечен повеќе од 2.350 километри“, додаде таа.

Тие го побарале Метју кој веднаш одговорил. Во тоа време бил во Арканзас.

„Не ми се верува дека ја пронајдов. Секој ден размислував за Греј“, им рече на вработените во засолништето.

Метју го преуредил распоредот ѝ се упатил кон Њујорк. Во меѓувреме, мачката ја добила неопходната медицинска нега. Одма го препознала Греј кога го видела.

„Ова е божиќно чудо. Без микрочипот никогаш немаше да ја најдам. Жената што ја пронајде ѝ го спаси животот, а микрочипот ја доведе до мене“, рече Метју.

 

Scroll to Top