(Фото) Лимузината на Бајден заглави во сообраќај среде Лондон

Блиндираната лимуѕина со која се возеше американскиот претседател Џо Бајден, заглави во сообраќај во центарот на Лондон, пренесоа светските медиуми. Автомобилот на Бајден заглави додека одеше на погребот на британската кралица Елизабета Втора.

„Дејли Мејл“ пренесе дека поради ризикот од голема гужва, Бајден претходно требало да прифати да се вози со автобус. Некои од политичарите се возеа со специјални автобуси, но на Бајден му било дозволено да се вози со својот автомобил, популарно наречен „ѕвер“.

Откако заглави, голем број од Лондочани го искористија моментот да се сликаат со неговата лимуѕина.

На крајот Бајден и сопругата Џил безбедно пристигнаа во Вестминстер каде им се приклучија на другите светски лидери кои дојдоа да ѝ оддадат почест на кралицата. Надлежните соопштија дека очекуваат да пристигнат околу милион луѓе.

За потсетување, лимуѕината на Бајден „Кадилак 1“, е отпорна на хемиски напад, оган и мини. Благодарение на блиндираниот оклоп со дебелина од 13 сантиметри, може да издржи секаков напад. Тежок е 8,5 тони и е направен да се може да се преврти во случај на судар.

Опремен е со специјален систем за ноќно возење, кое овозможува безбедно движење со изгаснати светла во полна брзина и целосен мрак.

Гумите се направени од специјален материјал и се отпорни на ракетен напад, а се произведнеи така што во случај на нивно оштетување, автомобилот да може да продолжи да вози. Стаклата на автомобилот се од пет слоја, со дебелина од 13 сантиметри.

Прозорите не е возможно да се отворат, освен она до возачот, но не е повеќе од осум сантиметри. Автомобилот има турбо дизел мотор до 6600 кубика, но поради тежината не може да развие брзина поголема од 100 километри на час. Троши литар гориво на секои 500 метри, а резервоарот е направен од материјал отпорен на оган.

Најновиот претседателски автомобил, како што пишува агенцијата „Анса“, е доставен на американската тајна служба во 2018 година.

 

Scroll to Top