(Фото) Македонецот Александар Волкановски го подготвува Цукенберг за тепачката во кафез со Илон Маск

Македонскиот борач Александар Велики Волкановски го подготвува Цукенберг за тепачката во кафез со Илон Маск. Двајцата најпознати технолошки милијардери, се договорија да се борат во кафез во Лас Вегас. Маск на „Твитер“ го предизвика Цукенберг, а овој му врати само да одбере место.

Октагонот претставува простор со душек кој го користат за борби во Ultimate Fighting Championship. Маск рече дека никогаш не вежбал освен кога си игра со децата и ги фрла во воздух. За разлика од него, Цукенберг тренира мешани боречки вештини, а неодамна победи и на турнир во џуи-џицу.

Волкановски пак неодамна стана светски шампион во УФЦ и рече дека е горд на своето потекло од Македонија. Рече дека татко му е Македонец, а мајка му Гркинка.

За потсетување, „Мета“ од неодамна ја лансираше социјалната платформа Threats, слична на „Твитер“ и собра 100 милиони следбеници во само првите пет дена. Тоа беше провокација за Маск кој го предизвика Цукенберг и да си ги измерат пенисите.

Марк сериозно го сфати повикот за тепачка и почна со припреми. Тренер му е кој ако не македонецот кој живее во Австралија, Александар Волкановски кој пак неодамна стана светски шампион во УФЦ и кој гордо истакнува дека е од Македонија.

Scroll to Top