Македонски фан кој го следеше мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Тејлор Фриц, на крајот од мечот побара од српскиот тенисер да му се потпише на знамето. Тој седеше на трибините каде имаше голем број од македонските навивачи, а на крај дојде во првите редови каде Ѓоковиќ делеше автограми.
Го исправи знамето ѝ побара од омилениот тенисер да му се потпише. Откако му даде автограм, Македонецот го бакна знамето. За потсетување, Ѓоковиќ го победи Фриц со 3:0 во сетови (6-1, 6-4, и 6-4) и се пласираше во полуфиналето на УС Опен.