(Фото) Маж го тргна знакот на улица за да си го паркира автомобилот

Маж го отшрафи и тргна знакот за забрана за паркирање во населбата Грбавица во Сараево на улицата Алеја Липа. Откако го отстрани си го паркираше автомобилот на место каде е забрането. Според некои очевидци, знакот бил поставен уште пред пет дена и оттогаш луѓето секој ден го тргаат.

Еден од тамошните жители кој ја направил фотографијата, објасни дека знакот бил тргнат во четвртокот околу 14 часот. Граѓаните пријавиле дека на терен излегла полициска патрола, но од Оперативниот центар на МУП на кантонот Сараево велат дека кај нив ништо не е пријавено.

Scroll to Top