(Фото) Mурал со ликот на Мајка Тереза на Школка во Градски парк

Мурали со ликот на Мајка Тереза и Камениот мост беа нацртани на „Школка“ во Градскиот парк. Скопјани со поделено мислење за новото уметничко дело на популарното место каде се случуваат голем број дружби и градски забави.

На некои им се допадна и сметаат дека двата симбола го претставуваат вистинскиот одраз на поврзаноста во градот, додека други пак коментираа дека требало да се нацрта нешто повесело.

За потсетување, популарното место „Школка“ последен пат беше обновено во 2019 година кога доби нови рефлектори и озвучување. Оттогаш објектот често се користи и за разни културно-уметнички настани организирани во скопскиот парк.

Фото: Градска.мк

Scroll to Top