(Фото) Питбул спаси дете кое се давеше во река

Питпул по име Макс, спаси дете кое можеше да се удави во река во градот Порт Ноарлунга во Австралија. Додека си играл со стопанот Роб Озборн покрај песочниот брег, кучето го забележало детето како се дави. Роб му дал знак, а Макс брзо скокнал во водата да го извади.

„Брановите го носеа момчето кон големите карпи, а реката беше длабока“, рече Роб кој објасни дека Макс бил тренирано куче и дека носел појас за спасување.

Детето се држело за елекот додека кучето пливало кон брегот, каде ги чекале Роб и мајка му. Роб рече дека е горд на својот миленик.

„Тој е дефинитивно херој, иако не го знае тоа. Тој само го прави тоа што што ќе му го кажам“, рече тој.

 

Scroll to Top