(Фото) Пиво со ликот на Лео Меси на пена се продава во Катар

Пиво со ликот на Лео Меси се продава во Катар. Односно за навивачите поставена е машина за пиво каде може да го изберете ликот на омилениот фубалер.

На социјалните мрежи се појави видео на кое како еден навивачи избира слика од Меси која потоа се исцртува на песната.

„Во Катар можете да земете пиво со омилениот играч на него“, стои во описот.

Иако во јавноста постојано се напоменува забраната за алкохол во Катар, сепак таа забрана не е целосна односно постојат посебни зони каде навивачите може да консумираат алкохол.

Алкохол може да се купи во фан зоните во Катар, но и на самите стадиони во ВИП делот и Hospitality, каде што посетителите можат да најдат секакви алкохолни пијалоци – од пиво, до џин, вотка, текила, виски, па сè до вино.

Scroll to Top