(Фото) Полицајци им даваа вода на туристи кои со часови беа заглавени на граница

Полциијата на граничниот премин Богородица, им даваа вода на луѓето кои со часови беа заглавени во автомобилите на жешкото време.

Им даваа и совети и ги информираа за влијанието на топлото време и заморот кој може да се појави кај возачите со што како последица настануваат сообраќајни незгоди.

Ги советувале возачите да прават повеќе паузи и да пијат доволно течности и ги потсетија да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Scroll to Top