(Фото) Родители го оставиле синот во погрешно школо, лутал со часови пред да им го вратат

Родители го оставиле синот во погрешно школо, а тој со часови лутал низ ходниците пред полицијата им го врати назад. Наставниците од основното школо „Парк Лејкс“ на Флорида, ги повикале службите, затоа што не успеале да дознаат кои му се родители.

Детето не им дало никакви информации па објавиле фотографија од него со надеж дека некој ќе ги идентификува родителите.

Сведоците велат дека иако било само, било во добро расположение. Службите го оставиле на работниците од Одделението за заштита на деца, пред родителите бидат лоцирани. Засега не се знае дали ќе се соочат со обвинение.

Претходно, недалеку од таму, уште едно дете било најдено како лута само низ соседството. Станува збор за дете со попреченост кое полицијата им го вратила на родителите, откако неколку часа се шетало само и тропало по вратите на луѓето.

Оној кој го нашол рече дека застанал со колата кога ја преминувало улицата.

„Застанав среде улица за да го земам со мене и одма повикав полиција“, рече тој.

 

 

 

 

Scroll to Top