Дваесет и седум девојки годинава се кандидираа за избор за „Мис Бум Бум“, познат како натпреварот за најубав задник во Бразил. Натпреварувачките во танга ќе трчаат спринт на 100 метри во Сао Паоло, а во потесен круг ќе влезат само 15 кандидатки.
Овој натпревар го следат голем број контроверзи во минатото, затоа што некои од девојките кои не успеваат да влезат во финалето, се самоубиваат. И покрај немилите настани, сепак овој натпревар се смета за исклучително популарен во земјата.
За потсетување, титулата најдобар задник во 2019 година ја освои Бразилката Сузи Кортез, која по изборите стана голем фан на Барселона и Лионел Меси. Наводно неколку пати и се обидела да го освои, по што ја блокирал на социјалните мрежи.