Познатиот шпански архитект Луис де Гардио му направи на Лионел Меси еко куќа во форма на фудбалска топка. Куќата ја нарече One-Zero Eco-House. Станува збор за една од најоригиналните изведби во светот. Структурата е округла, а околу неа има парцелата во форма на фудбалски терен кој е поделен на два дела.
Куќата изгледа како бројот 10, кој го носи Меси на дресот на ПСЖ, претходно на Барселона и репрезентацијата на Аргентина. Меси рече дека за него ова место има силно значење и дека најголем дел од времето со сопругата и децата го поминува во неа.