(Фото) Спомениците на културата во штипско Ново Село добија информативни табли

Здружението „Споделено знаење“, кое се занимава со умножување на статиите на „Википедија на македонски јазик“, во рамките на нивниот проект „Викисело“, викендов постави информативни табли на сите споменици на културата во штипската населба Ново Село.

Таблите беа поставени на градбите што се заведени како културно наследство на Македонија. Беа поставени 16 помали табли, кои се наоѓаат пред самите куќи, и една голема информативна карта на Ново Село.

Секоја табла имаат QR-код, кој со негово скенирање води до статија за конкретната градба на „Википедија на македонски и англиски јазик“. Овој проект веќе беше имплементиран во селото Галичник во 2021 година.

„Викисело“ е проект што ја промовира и афирмира историската архитектура прогласена за културно наследство во македонските села со цел да се спознават жителите, минувачите и посетителите дека градбите се културно наследство.

Љубиша Владимиров

Scroll to Top