(Фото) Србин почнал да гради дуплекс па соседите ги оставил без кров

Станарите во една зграда во Чугарица,  Србија, со месеци гледаат во небо откако нивниот сосед од мај годинава почнал да гради и да прави дуплекс до нив. Соседот почнал да гради иако ја немал потребната градежна дозвола.

Станарите во зградата во населбата Бела Вода шест месеци се без кров. Од дожд само ги штити најлонот што го ставиле, а еден од становите е целосно иселен поради влагата.

Ниту кај другите ситуацијата не е подобра. Една од стариците кои живеат во зградата рече дека поради водата и влагата кои ѝ навлегуваат во станот е неиздржливо да се живее тука.

„Сè ми е отворено. Кога и да отворам мириса на влага. Некој пат и тука работам и мислам дека целата кујна може да ми падне“, додаде таа.

Нивниот сосед Александар Р. го купул станот во поткровјето и решил да го санира кровот на свој трошок, тврди управникот на зградата Бобан Богичевиќ.

„Како што може да се види почна да прави дуплекс. Ние, станарите од неговата страна, бевме известени дека ќе го промени кровот затоа што е во лоша состојба и затоа не му правевме проблем“, рече Богичевиќ.

Откако виделе дека ќе го проширува поткровјето и дека става блокови, тие веднаш повикале градежна инспекција, која го затворила градилиштето, тврди Богичевиќ. Но, и потоа продолжиле проблемите, велат станарите.

„Инспекторот кој го затворил градилиштето напишал решение дека зградата мора да биде вратена во првична состојба, но по две недели донел ново решение спротивно од првото. Во новото се вели дека не мора да ја врати во првобитна состојба, туку само да ги урне надградбите и затоа сега е вака како што е“, објаснува Богичевиќ.

Александар Р. не сакал да зборува пред камери, но неговиот адвокат потврдил дека кровот бил во лоша состојба и дека од Општината им рекле дека дозвола за санација на кров не е потребна.

Во последното решение кое го добил градежната инспекција наложила да се сруши само делот со блокови, но не и кровот да се врати во првична состојба, затоа што зградата не била регистрирана“, вели Ракиќ.

Објасни и дека откако се запечатило градилиштето, никој не смеел да ја крши пломбата, бидејќи тоа подразбира кривична одговорност и дека три месеци не добил одговор од различни институции на прашањето како да го урне тоа што го изградил.

Од Секретаријатот за инспекциски надзор и комуникација велат дека на инвеститорот на оваа адреса му е наложено да ги отстрани работите на пренамена на поткровјето во кат со отстранување на надградбите од улицата и од дворот.

„Градската инспекција има прелиминарен датум за рушење, а тоа е декември, но до тогаш има уште месец дена и тоа е многу за чекање“, рече Богичевиќ.

Најважно им е надлежните органи да дозволат што поскоро да се урне горниот изграден дел, а се подготвени и самите да ги покријат трошоците за кровот. Се плашат дека состојбата на зградата може да се влоши бидејќи доаѓа зима и поради дождот и снегот .

Scroll to Top