(Фото) Трактор излезе на патеката за време на трката во Формула 1 во Јапонија, еден од возачите вели дека можел да загине

Голем скандал се случи за време на трката во Формула 1 во Јапонија, откако трактор се појави на патеката заедно со болидите. Возачот Пјер Гасли ги изгуби нервите затоа што, како што вели, едвај успеа да го избегне и да извози до боксот.

Таму ги потсетил колегите за трагедијата која се случи во 2015 година, кога на ист начин, со удар во трактор, се повреди Жил Бјанки, кој подоцна мораше да оди и на операција на главата, а по 9 месеци почина од истата.

„Зар никој не се сеќава што се случи минатиот пат? Зошто имаше трактор на патеката? Можев да загинам. Едвај го поминав“, рече Гасли по трката.

Порадид ужасните временски услови во Јапонија, беше намалена видливоста на патеката и уште од стартот на трката се случија неколку инциденти. Организаторите одлучија да го кренат црвеното знаменце и на тој начин да ја прекинат трката. Не сакаа да ризикуваат, но тракторот се појави додека возачите одеа во боксот.

Меѓу последните кои влегоа беше Гасли, кои за малку ќе се удреше во тракторот. Гасли и Бјанки беа пријатели, па ваквиот момент дополнително го потресе. Челниците во Формула 1 оправдувајќи се себе си го повикаа Гасли на разговор по трката и го обвиниле затоа што бил на патеката во моментите кога било кренато црвено знаме. Постои шанса и да биде казнет заради тоа.