Фотографија од Тито од 1928 година e меѓу најпопуларните на Инстаграм

Инстаграм страницата „Хистори ин Колор“, која ја следат над милион луѓе, на својот профил споделува фотографии од минатото во боја. На профилот беше споделена листата на објави кои собраа најмногу лајкови во 2022 година, а тука беше и онаа на претседателот на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито, во која позираше со очила.

Иако Тито изгледа како манекен, тоа не одговара на околностите во кои се наоѓал на фотографијата. На страницата се наведува дека фотографијата на претседателот, кој некогаш владеел со земјата од 1953 до 1980 година, е направена во 1928 година, кога бил уапсен поради комунистички активности. Тој тогаш имал 36 години.

Изгледот на југословенскиот претседател ја воодушеви странската јавност, а некои забележаа дека неговиот стил наликува на ликовите од серијата „Peaky Blinders“, па дури и сугерираа дека идеално би му одговарал некој лик од филмот.

„Мислам дека неговиот лик одлично би одговарал на Џони Деп“, заклучил некој во коментарите.

Обоениот приказ на Тито е на дигиталниот експерт Јулиус Бекман Јаскелаинен, а претходно оваа година собра 27,9 илјади лајкови на гореспоменатата страница, со што стана 12-та најпопуларна објава во годината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by History in Color (@historycolored)

Scroll to Top