„Фрајле“ во септември ќе имаат концерт на Хераклеја во Битола

Новосадската група „Фрајле“ на 6 септември ќе одржи концерт на Хераклеја во Битола. Тие на оваа локација требаше да имаат концерт лани, но беше откажан поради пандемијата.

„Со цел на што поразлична и поширока публика да ѝ пружиме музички задоволства оваа сезона, се одлучивме да ги донесеме навистина квалитетните, интересните и секогаш возбудливите „Фрајле“. Сите оние кои барем еднаш изгледале нивни настап, знаат добро каква енергија и какво музичко доживување ги очекува“, велат организаторите „Балкан медиа“, кои во Битола веќе имаа концерти со „Црвена јабука“ и „Рибља чорба“.

Невена, Наташа и Јована пред битолската публика ќе ги испеат своите најголеми хитови, песните од последниот албум, но и познатите преработки, а неколку македонски песни меѓу кои е и „Битола мој роден крај“.

Scroll to Top