Франција поднесе официјална жалба за однесувањето на голманот на Аргентина Емилиано Мартинез, на доделувањето на трофејот на Светското првенство во Катар.
Аргентинецот носеше кукла со лицето на францускиот напаѓач Килијан М’бапе, а во соблекувалната по натпреварот, побара од соиграчите едноминутно молчење за него. М’бапе на овој натпревар постигна хет трик, но на крајот остана без трофеј.
“A minute of silence for … Mbappe!” 😅
Emiliano Martinez during Argentina’s dressing room celebration.
(via nicolasotamendi30/Instagram) pic.twitter.com/dwm3IrUNWG
— ESPN FC (@ESPNFC) December 18, 2022
„Ги прашав челниците во Аргентинскиот Сојуз дали ваквото однесување го сметаат за нормално во контекст на спортско однесување. Јас не можам да разберам. Ова дефинитивно отиде предалеку. Од друга страна М’бапе покажа дека е пример за младите“, рече претседателот на Францускиот сојуз Ноел Ле Грет.
Случајот го коментираше и францускиот министер Бруно ле Мер.
„Што прави ФИФА? Во спортот ферплејот треба да биде најважен“, рече ле Мер.
Мартинез изненади многумина со однесувањето кога му ја дадоа наградата за најдобар голман. Француските навивачи му замерија и за танцот кој го изведе откако Аурелиан Чуамени го промаши пеналот. За потсетување Мартинез по мечот ги тешеше француските фудбалери, меѓу кои и М’бапе.