Фудбалерот Џака се покаја ѝ се извини за двоглавиот орел

By

Капитенот на Арсенал и еден од најдобрите фудбалери на Швајцарија, Гранит Џака, пред Мундијалот во Катар призна дека се кае за потегот кој го направи пред четири години на натпреварот со Србија.

dobivaj vesti na viber

Албанецот со потекло од Косово и Метохија, рече дека не требало да ја слави победата над Србија со покажување на двоглавниот орел.

„Во натпреварот со Србија сè се одвиваше добро, освен орелот. Не требаше да го направам тоа“, рече Џака во интервју за швајцарски „Блик“ и додаде дека тоа му бил еден од најлошите потези во кариерата.

„Знаете, имав два тешки моменти во кариерата. Еден на натпреварот со Арсенал против Кристал Палас, кога бев нападнат и овој на натпреварот против Србија, кога го направив тој гест“, рече Џака.

„Блик“ пишува дека двоглавиот орел му го посветил на неговиот татко Рагип, кој три години бил политички затвореник на Србите.

„Она низ кое мина мојот татко, е нешто што на никој не би му го посакал. До денес знам само половина од оваа страшна приказна. Кога имав 20 години, сакав да го знам секој детал. Тоа беше многу лошо време за него, но сега морам да бидам многу внимателен“, рече Џака.

 

Ќе ви се допадне