(Галерија) Анастасија Божиновска од Неготино е втора придружничка на „Мис Евроазија 2022“

By

Неготинката Анастасија Божиновска ја освои титулата втора придружничка на изборот за мис на Евроазија 2022, кој вчеравечер се одржа во Анталија, Турција.

dobivaj vesti na viber

Анастасија има 18 години и учествуваше на натпреварот за убавина во конкуренција со 30 девојки учеснички од исто толку држави од Европа и Азија.

Победничка на овој натпревар беше девојката од Бугарија, а титулата прва придружничка ја освои мис Казахстан.

Анастасија е членка на модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен интернационален избор за убавина, кој оваа година се одржа 17. пат. Таа на финалето се претстави во креација на Елена Лука специјално изработена за оваа пригода.


 

Ќе ви се допадне