(Галерија) Битолчанката Матеа Христовска има најубаво тело во светот

Битолчанката Матеа Христовска ја освои титулата за најдобро тело „Мис бест боди“  на избортот за убавина World Next Top Model во Бјерут, Либан. Во конкуренција од 30 девојки од исто толку држави од целиот свет, македонското девојче на World Next Top Model 2023 се закити со титула.

Матеа Христовска е членка на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој голем светски избор за убавина и модели и од кое имала голема поддршка на изборот во Бејрут.

Победничка, односно World Next Top Model за 2023 е претставничката на Казахстан, Прва придружничка е девојката од Белорусија, а титулата Втора придружничка ја освои кандидатката од Естонија.

Изборот се одржа во театарската сала на Casino Du Liban во Бејрут, во организација на Style Events Production од Либан, која традиционално веќе со години овој интернационален избор за модели го одржува во Бејрут.

Scroll to Top