(Галерија) Фестивалот на пенисот во Јапонија собра 50.000 туристи

На почетокот на април, посетители се собираат на традиционалната забава во градот Кавасаки, околу 30 минути јужно од Токио, за да го прослават Канамару Мацури – фестивалот на пенисот во Јапонија. Главните прослави на Канамара Мацури се одржуваат во првата недела од април од 1969 година.

На фестивалот, кој се фокусира на гениталиите и плодноста, учесниците носат џиновски статуи од пенис, уживаат во лижавчиња во форма на пенис, купуваат свеќи во форма на пенис и се облекуваат како пенис.

„Тоа е неверојатно. Забавно, уникатно и поинакво искуство. Чудно е да дојдеш од Австралија и да видиш вакво нешто, но се чини дека сите добро се забавуваат”, изјавил австралиски турист за Еуроњус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by お太り様1名 (@045tomo)

Се проценува дека претходно на фестивалот се собирале околу 50.000 луѓе годишно, а во последните години тој број е намален поради пандемијата на корона вирусот. Освен што е визуелно впечатлив, фестивалот е за подигање на свеста за безбеден секс и собирање средства за финансирање на истражување за ХИВ.

Во последниве години, Јапонија забележа зголемување на стапката на сексуално преносливи болести како што е сифилисот. Дури 50 отсто повеќе луѓе биле лекувани од оваа болест во 2022 година отколку во 2021 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eddie Wire (@catmantravels)

За време на јапонскиот период Едо, од 1603 до 1867 година, Кавасаки бил познат по својот ноќен живот. Изграден во 698 година, градскиот храм Канајама има статуа на челичен пенис и стана место каде сексуалните работници се молат за заштита од сексуално преносливи болести, додека други се молат за плодност.

Во комбинација со одредена локална народна приказна, која вклучува демон и челичен пенис, доведе до модерната верзија на Канамара Мацури.

Scroll to Top