(Галерија) „Индекси“ направија југословенска журка, носталгија по добрите времиња ја крена публиката на нозе во Скопје

Преполна сала и сите на нозе на вчерашниот концерт во Филхармонија на култниот саравескиот бендот „Индекси“, по повод 60. години од основањето.

„Бацила је све низ реку“,„ Све ове године“, „Предај се срце“ и уште многу други песни отпеани од поп рок групата останаа запишани во музичката историја. Песните живеат и денес. Показател за тоа беше вчерашната ју журка која предизвика експолозија од емоции и спомени.

Публиката, особено југоносталгичарите се препуштија на безвременските хитови отпеани од „Индекси“ со кои растеа многу генерации.

Концерт полн со емоции и ју носталгија помеѓу повозрасната публика кои со аплауз и овации го поздравуваа речиси секој стих од секоја песна. Меѓу присутните во салата на Филхармонија беа и поранешниот претседател  Ѓорѓе Иванов и сегашниот Стево Пендаровски.

Со најголем аплауз беше пречекана песната „Македонија“ која ја отпеа Дадо Топиќ при крајот на концертот за која и самиот вели дека му е омилена. Во интервју за Репортер тој рече дека често ја слушал неговата мајка како пее стари македонски песни, па така и тој добил инспирација во еден момент ја земе гитарата и така почнал да ја создава песната.

Домаќин и изведувач на концертот беше пејачот Дејан Цуќиќ, а настапи Иван Куќиќ кој е дел од „Влатко Стефановски трио“, инаку син на Ленче и Горан Куќиќ. На сцената како пријатели на „Индекси“ се појавија Амел Чуриќ, Бојана Стаменова, Нено Белан, Нермин Пушкар, Дејан Џукиќ.






Scroll to Top