Аплаузи и овации за српскиот актер Иван Босиљчиќ во Битола на интимниот концерт со поезија и музика „Наша вечер“.
Битолската публика уживаше во сценската изведба на актерот, музички настан во кој присутна беше драмската изведба. Актерот на сцената доминираше со глума, пеење, рецитирање поезија.
Посебно изненадување за битолската публика беше кога Босиљчиќ ја отпеа „Ако одам во Битола“, поддржан со аплауз и хорско пеење на публиката.
Освен битолска публика во Центарот за култура имаше и гости од други градови дојдени да го гледаат и слушаат Босиљчиќ. Помеѓу нив и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, модниот дизјанер од Битола, Андреј Папаз, како и директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илијевски.
Босиљчиќ е познат по улогите во филмските серии „Рањени орео“, „Грех њене мајке“,„Непобедливо срце“ и „Ургентни центар“. Актерот во брак е веќе неколку години до српската пејачка Јелена Томашевиќ.
Фото: Фејсбук „Центар за култура Битола“ -фотограф: Диоген Хаџи Коста Милевски