(Галерија) Конечно на Макфест се вратија познатите пејачи кои одамна престанаа да пеат на фестивалот: Ревијална вечер и првпат без награди

Вечервa во Штип се одржа ревијалната вечер на Макфест, којa ја одбележаа модерни рефрени, млади изведувачи и веќе познати музички имиња кои одамна не сме имале можност да ги видиме на овој фестивал.

Од Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, преку помладите Лара и Пајак, 2 Бона, Кристина Димитри и Боно, Андреа Коевска, па сѐ до регионални изведувачи, како пејачот на позната група Бијело Дугме, Ален Исламовиќ.

На сцената на Макефест имаше и изведувачи кои првпат настапија пред македонската публика.

Овој пат немаше победници ниту пак парични награди.

Водители на овогодинашниот Макфест беа Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски кои со танц ја отворија ревијалната вечер. Додека како презентери на група изведувачи на сцената во Домот „Ацо Шопов“ во Штип се појавија Лила Филиповска, Миланка Рашиќ и ракометарот Борко Ристовски. Јана Бурческа, пак, ги пречекуваше гостите на црвениот тепих.

Оваа година на ревијалната втора вечер беа отпеани 12 нови композиции, додека шест песни и изведувачи настапија повторно, одбрани за најдобри од стручното жири кои настапија на првата вечер. Ова 37. издание на Макфест беше најавено како нешто поразлично од изминатите години, со тоа што беа изведени песни со модерен ритам, но и без доделување на награди како што тоа беше изминатите години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Scroll to Top