(Галерија) Најубавите места за кампување од времето на Југославија

Пред повеќе од 30 години луѓето од јупросторите летниот одмор често го поминувале во кампување.

Во 1934 година Југославија го добила својот прв неофицијален природен камп на островот Раб, а во 1953 година имало 18 кампови, од кои половина биле во Хрватска, а повеќето гости биле домашни туристи.

Осумдесеттите години беа златните времиња на кампувањето, а Истра важела за најпопуларна дестинација. Луѓето порано одеа на одмори во природа. Во 19 век, за Британците, кампувањето значело евтини социјални патувања.

Таткото на модерното кампување се смета Британецот Томас Хирам Холдинг, кој го напишал првиот прирачник за кампери уште во 1908 година. Кампувањето го воодушевило уште кога бил момче, кога патувал помалку од две илјади километри низ американските предели.

Со неколку ентузијасти, тој основал група која служела како основа за непрофитни камперски организации во Велика Британија. Трендот на одмори во природа продолжи да расте, што го поттикна основањето на првата меѓународна организација за кампување, Fédération Internationale de Camping, Caravanning et de Autocaravaning, која ја промовира слободата на кампување.

Scroll to Top