Премал беше просторот на плажата „Горица 3“ во Охрид за да ги собере сите фанови на светскиот диџеј Пол Ван Дајк. Пожарникарите направија по некое селфи и снимка од сетот од пред бината, каде стоеја, за да го заштитат гостинот. Сепак, пожар имаше, бидејќи сцената гореше, а и атмосферата која ја направи публиката.
Скоро два часа, Ван Дајк се слушаше преку цело Охридско Езеро. Транс-електронските траки ги воодушевија присутните. Ладното пиво и по некој жесток пријалок, дополнително ја загреаја забавата.
Имаше и ружи, но ниту најголемите џентламени не ги приметија оти фокусот беше целосно насочен кон сцената. Доказ дека просторот беше премал да ги собере сите е тоа што дел од присутните мораа да застнат на влезот, за да го следат концертот.
Се бараше и ВИП карта повеќе – но залудно, што значи Ван Дајк може да направи и втор настап во скоро време, без да се секира дали ќе собере публика.
Диџејот не е за првпат во Македонија. Претходно, настапуваше и во Дојран. „Рерпотер“ имаше и ексклузивно интервју со него. Настанот беше во организација на „Прагма продукција“, кои и ова лето ги носат најголемите ѕвезди во Охрид.