(Галерија) Синот на Шумахер доживеа тежок судар на трка, поради скршен прешлен морал во болница

Синот на некогашниот Формула 1 возач Ралф Шумахер, Дејвид, доживеал тежок судар на трката во Хокенхајм во ДТМ шампионатот. Дејвид се судрил во Томас Преининг, а откако и двајцата излетаа од патеката, удрија во заштитната ограда.

Дејвид го скршил прешленот и морал итно да биде пренесен во болница. Ќе биде надвор од трките подолго време. Дејвид е син на Ралф, помалиот брат на легендарниот возач на „Ферари“, Михаел Шумахер. За потсетување, синот на Михаел, Мик во петокот исто така доживеа незгода за време на тренингот во Јапонија.

„Дејвид дојде дома и се пожали на болки во грбот. Одлучивме да отидеме на преглед во Салцбург и се утврди дека му е скршен прешленот. Тоа значи дека ќе мора да паузира шест недели“, рече татко му Ралф.

Иако ова не значи дека Дејвид ќе паузира, затоа што ДТМ сезоната заврши со трката на Хокенхајм и до почетокот на нова година ќе може целосно да заздрави, а за несреќата го обвини Томас. За истата се огласи и мајка му, која исто така мисли дека Томас е виновен.

„Најважно е дека Дејвид е добро. Не е во ред Томас да дава какви било коментари без прво да се погледне себе си. Лесно е да се бара одговорност кај другите“, рече Кора.

Шумахер е еден од седумте возачи кои оваа сезона не успеале да освојат бодови во ДТМ шампионатот, а на крајот титулата ја освои Јужноафриканецот Шелдон ван дер Линде.

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top