(Галерија) Со гол задник и чаша црвено вино Сара Јо и Сенида растурија на концертот во Скопје

Балканските ѕвезди Сара Јо и Сенида, вчеравечер во Скопје направија журка за помладите генерации.

На Стадионот на АРМ, прва на сцената се појави српската ѕвезда Сара Јо облечена во креација на македонскиот моден дизајнер Митко Занов и ја поздрави публиката со песната „Ти си сњом“.

Од првата песна па се до крајот на настапот на пејачката, публиката пулсираше во ритамот на нејзината музика, а таа на сцената со уште четири девојки изведуваше провокативни кореографии.

Дека ќе има одлична журка највија и песните кои следеа „Мушкарчина“, „Мили, мили“ кои се пееја во глас со аплауз и овации. А кога атмосферата ја загреа, како што рече Сара следеа песни за душа. Неколку песни од странски изведувачи на кои атрактивно се движеше на сцената.

Задоволна од одличната атмосфера од скопската публика, Сара на македоснки рече „Те сакам Скопје“.

„Скопје никогаш не ме разочарал, до ден денес. Скопје ти благодарам на ваквата енергија“, рече Сара Јо по едно часовниот настап.


По нејзиното заминување од сцената, публиката го скандираше името на словенечката раперка, Сенида. По само неколку минути пауза, таа се појави на сцената и ја поздрави публиката „Како сте Скопје?“.

Наздрави со чаша црвено вино за како што рече одлична журка. Делириум во публика, пеење во еден глас, овации и кренати раце на сите нејзините песни.

Хитовите „Бехуте“ и „Мишичи“ дополнитело ја расположија публиката, па имаше соло изведба само на Сенида и присутните.


Највлијателните и најквалитетните регионални женски музички ѕвезди напрвија концерт за паметење кој организаторите Авалон продукција го најавија како „Женска моќ“ со акцент на женските артисти и нивната позиција во музичката индустрија.

Г. Додевска










 

Scroll to Top