(Галерија) Цела македонска естрада на концерт на Северина: Хрватската ѕвезда направи хаос и на Рузвелтова

Речиси цела естрада, јави личности, актери, музичари, бизнисмени….ма можеби ѝ цело Скопје е вечерва на концертот на хрватската ѕвезда Северина. Таа имаше концерт во „Мош бар“. На социјалните мрежи постојано се споделуваат фотки, видеа и сториња.

Тони Михајловски со сопругата Александра, Кристина Арнаудова, Живкица, тука се и Катарина Ивановска, Тамара Тодевска, Цаци Паковска, ова е само дел, оти има ште многу други.

На концертот на Северина нема игла кај да се фрли, расположението е на највисоко ниво, гостите се свчено облечени, оти така налагаше кодексот на облекување, се пее, се пие, се игра и се слави со огномет.

Поради концертот на Северина, настана хаос и во сообраќајот на улицата „Рузвелтова“, па се направила и колона од возила. За концертот во „Мош“ се чекало од 18 часот на врата.

 

Scroll to Top