Крива Паланка оваа година е помеѓу првите градови кои ги украсија улиците и плоштадот со новогодишни украси, елка и светилки. Минатата година овој град беше прогласен за најубаво украсен.
Голема елка, куќички за греано вино, кафе, чај, колбаси, мекици, новогодишни украси и се што е потребно за забава има на плоштадот во Крива Паланка. Што се однесува за забавата, ќе бидат организирани и предновогодишни концерти, на кои ќе настапат македонски музички ѕвезди. На плоштадот во Крива Паланка ќе пристигне и Дедо Мраз за најмалите.
Имињата на македонските изведувачи се уште не се објавени, но како што вели градоначалникот на градот Сашко Митковски комплетниот список за сите забави, и кој се ќе учествува се уште не е готов.
Градоначалникот Митковски вели дека украсувањето на градот ништо да ја чинело општината бидејќи пари се обезбедени преку спонзорство од домашни и странски фирми. Украсувањето оваа година чинело вкупно 12.000 евра, без да се потроши денар од градската каса.