Ганим Ал Муфтах е амбасадор на Светското првенство, а го привлече вниманието на јавноста вчеравечер кога се појави на отворањето на Мундијалот со Морган Фримен. Дваесетгодишниот Ганим нема нозе, туку само раце. Поради својата тешка животна приказна, стана инспирација и пример за младите во тој дел од светот. Милиони луѓе го следат на социјалните мрежи.
Ганим страда од синдром на каудална регресија, ретко нарушување што го попречува развојот на долниот дел од ‘рбетот. Иако лекарите му предвидуваа дека нема да преживее повеќе од 15 години, Ганим денес е симбол на надеж. Тој е познат и како најмладиот катарски претприемач, кој основаше компанија за производство на сладолед.
Се занимава со различни спортови и сон му е да ја претставува својата земја на Олимпијадата. На училиште, како што пишуваат светските медиуми, тој играл фудбал со фудбалски шипки на рацете. Тој се искачи и на Џабел Шамс, највисокиот планински врв во целиот регион. Студира политички науки со цел да стане дипломат, а потоа и премиер на својата земја.
„Во рамките на мојот капацитет како амбасадор на Светското првенство, сакам да испратам порака за надеж, инклузивност, мир и единство на човештвото“, рече тој во својата изјава по изборот за овогодинешниот амбасадор на Светското првенство.