Глумица спасила неколку деца кои бегале од пукотници во близина на нивното школо

Глумицата Мелиса Џоан Харт спасила неколку деца и нивната учителка кои бегале од пукотници кои се случиле во близина на нивното школо во местото Нешвил неделава.

Ѕвездата од серијата Sabrina The Teenage Witch сподели на „Инстаграм“, дека со сопругот Марк Вилкерсон, оделе кон школото на нивните деца и дека попат налетале на децата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melissa Joan Hart (@melissajoanhart)

„Им помогнавме и на децата кои трчаа низ шумата обидувајќи се да побегнат од пукањето во нивното училиште“, рече Харт и додаде дека им помогнале на една мајка повторно биде со децата.

„Не знам што да кажам, што е премногу, премногу е“, рече Мелиса.

„Молитви денес, акција утре. Ова беше премногу сурово за да се објави вчера, но сакав да ја слушнете оваа приказна“, додаде таа.

За потсетување, Харт и Вилкерсон ги имаат синовите Мејсон (17), Брејден (15) и Такер (10), а Мелиса рече дека нејзините момчиња за среќа не биле на училиште кога се случило пукањето во понеделникот. Додаде и дека ова е втор пат нејзиното семејство биде во близина на пукотници.

„Се преселивме овде од Конектикат, така што ова е наше второ искуство со пукање во училиште каде нашите деца беа во непосредна близина“, рече таа.

За потсетување, неодамна една жена упадна во школо во Нешвил и уби шест лица, меѓу кои и три деца.

Scroll to Top