Откако голем број светски медиуми објавија дека Мини Рајола починал на 54 години, тој се јави и демантираше. Еден од најпознатите фудбалски менаџери рече дека е гневен затоа што веќе по втор пат се шири веста за неговата смрт. .
Откакао во четвртокот беше хоспитализиран поради тешка здравствена состојба, неговата состојба се влошила, а потоа еминентни медиуми објавија дека починал.
„Мојата моментална здравствена состојба за оние кои се прашуваат: лут сум што ме умреа по втор пат во четири месеци. Изгледа дека можам да оживеам“, рече Рајола
Неговата смрт ја негираше и директорот на интензивна нега во клиниката Сан Рафаеле, каде тој беше и хоспитализиран.
Лут сум поради повиците на таканаречените новинари кои шпекулираат за човек кој се бори за живот“, рече Алберто Зангрило.
За потсетување, Рајола во јануари имаше операција, а пред неколку часа италијанските медиуми објавија дека тој починал. Тој беше еден од највлијателните фудбалски агенти чии клиенти се Пол Погба, Златан Ибрахимовиќ, Џанлуиџи Донарума, Марко Верати, Ерлинг Халанд …
Нему му претстои исклучително напорно лето бидејќи се очекува голем трансфер на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, како и евентуално заминување на Пол Погба од Манчестер јунајтед.