Ѓоковиќ и Меси на вечера во ресторан во Њујорк

Новак Ѓоковиќ објави фотографија со најдобриот фудбалер Лионел Меси. Двајцата биле на вечера во ресторан во Њујорк каде тенисерот ќе се бори за 24-ти Гренд слем во кариерата.

„Големо задоволство ми причинува да те видам и да поразговарам со тебе. Како и секогаш, ти посакувам многу среќа и здравје на тебе и семејство“, му рекол Ѓоковиќ на Меси.

За потсетување, двајцата се во САД. Меси игра за Интер Мајами, а во Њујорк бил со претседателот на клубот Хорхе Мас. Ѓоковиќ пак се подготвува за старт на УС Опен. Во понеделник ќе игра против Французинот Александар Милер, а ова ќе му биде прв настап на УС Опен после цели три години.

Scroll to Top