Новак Ѓоковиќ, тенисерот кој играше на сите Грен слем финалиња годинава и играчот кој освои две титули, повторно е на првото место на АТП листата. Српскиот тенисер го претрка Шпанецот, Карлос Алкараз на врвот на светската ранг листа и повторно е најдобар тенисер во светот.
Со тоа Ѓоковиќ стана и еден од најстарите тенисери кои се нашле на врвот на листата. Ѓоковиќ повторно е рекет број еден по победата над Александар Милер. Разликата на АТП листата со Алкараз беше само 20 поени, а Ѓоковиќ со новата победи стигна до 45.
Официјално ќе го преземе првото место од 11 септември, а сега до крајот на турнирот со секоја нова победа може да направи дополнителна разлика во однос на Карлос кој досега беше на врвот.
Ѓоковиќ на тој начин од 11 септември ќе ја започне 390-та недела на врвот на светот, а има многу добри шанси да остане таму до крајот на годината. Се очекува да игра на повеќето од големите турнири, па се чини дека претстои исклучително тесна АТП трка.
Српскиот ас ја постигна првата цел во Њујорк, а следна голема е освојувањето на четвртата титула на Отвореното првенство на САД.