Ѓоковиќ со температура играл на Србија опен

By

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ по завршувањето на финалниот меч на турнирот „Србија опен“, призна дека имал здравствени проблеми. Тој не сакаше многу да зборува за деталите, но рече дека на турнирот играл со температура.

dobivaj vesti na viber

Медиумите открија дека станува збор за вирус.

Порталот „Нова“ пренесе дека е во прашање вирус кој трае седум или повеќе дена. Симптомите се висока температура која го исцрпува телото. Многу луѓе од светот на тенисот во последните месеци се заразиле со овој вирус пренесоа тие.

„На Ѓоковиќ по големиот број проблеми, не му беше лесно да се врати на тренинзите, да го даде максимумот и да биде физички подготвен“, рече извор близок до тенисерот.

И новинарите од „Спорт клуб“ рекоа дека пред турнирот во Монте Карло, Ѓоковиќ им кажал дека го имал тој вирус и дека тоа значително му влијаело на резултатите.

 

 

Ќе ви се допадне

đánh bài online go88 không đăng nhập được go88 go88 ông già noel

https://tai.sunwin.gg/