Гол маж се качи на олтарот во црквата Свети Петар во Рим

Маж кој ја посетил базиликата Свети Петар се соблече и се качи на олтарот во знак на протест против војната во Украина, рече неименуван извор од Ватикан. Голиот маж на грбот имал испишана порака во која повикува да се спасат децата на Украина, пренесе „Дејли Мејл“.

Истиот извор тврди дека имал повреди по телото кој самиот си ги нанел. Стражарите на Ватикан го предале неидентификуваниот маж на италијанската полиција. Инцидентот се случил пред затворањето на базиликата вчера попладнето .

Неколку италијански медиуми објавија фотографии кои ги направиле некои од туристите.

Scroll to Top